Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството, демонстранти се упатија кон полициска станица

од desk2

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството денеска по 16 часот, jaви дописникот на МИА од Белград.

Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведени поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Лидери на Сојузот за Србија соопштија дека тие прифаќаат одговорност. Дел од белградски медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.

Лидерот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас напиша на Твитер дека се упатил кон полициската станица 29 Ноември за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.

– Сите ние кои синоќа бевме во РТС преземаме одговорност што баравме од РТС да почне со вистина да информира, наведе Ѓилас.

Слични содржини