Вучиќ: По консултациите со Ковачевски и Рама ќе донесам одлука за Брисел

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре ќе има консултации со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и со Владата на Србија за претстојниот самит на 23 јуни во Брисел и дека ќе одлучи дали ќе присуствуваат на самитот.

Тој напомена дека „ова ќе биде можеби најважниот и најинтересниот ден во последните 10 години на европско ниво“.

Вучиќ изјави дека е официјално поканет да присуствува на седницата на Советот в четврток во Брисел.

„Ќе почекаме, утре ќе одржиме консултации во рамките на „Отворен Балкан“ со Ковачевски и Рама, потоа ќе одржам консултации со членовите на српската Влада и потоа ќе донесеме одлука дали ќе одиме во Брисел и каква позиција ќе имаме“, рече Вучиќ.

Тој посочува дека сега би можел да им каже на новинарите што мисли, но дека нема пред консултациите со Владата на Србија и пред да размени мислења со членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ за да го види нивниот став.

Слични содржини