Xiaomi демонстрира иновативен скенер за отпечатоци (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Xiaomi, Лин Бин објави клип во кинеската социјална мрежа Weibo кој покажува иновативен сензор за отпечатоци, вграден во екранот. Големата разлика од сите претходни решенија е дека скенерот прикажан од Бин покрива многу поголема површина од екранот на уредот.

Еден од најголемите недостатоци на актуелните вградени во екранот скенери е токму силно ограничената површина, која бара од корисникот да притисне на екранот на точно одредено место.

Според Бин, новиот скенер покрива површина од 50×25 мм, што е пет пати повеќе од конкурентните решенија и над 15 пати повеќе од класичните скенери. Видеото покажува дека отклучувањето се случува исклучително брзо.

За жал, сепак, Лин Бин не откри кога точно ќе го видиме новиот тип скенер во вистински производ на компанијата.

Слични содржини