Xiaomi Mi 10T Pro доаѓа во Европа, ќе чини 699 евра

од Aleksandar Petrovski

Xiaomi се подготвува да претстави нов паметен телефон кој ќе биде достапен на европскиот пазар.

Станува збор за моделите Mi 10T Pro со главна камера од 108 MP, батерија од 5000 mAh и екран со брзина на освежување од 144Hz.

Фотографијата направена во продавницата на Xiaomi открива дека Mi 10T Pro ќе чини 699 евра. Исто така, фотографијата покажува дека ќе користи процесор Snapdragon 865 на Qualcomm.

Според досега објавените извештаи, овој уред се очекува до крајот на септември, а наводно ќе има 6,67-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2,340×1080 пиксели, 8 GB RAM меморија 128/256 GB внатрешна меморија, главна камера од 108, телефото од 8 и ултра-широк 20 MP, како и селфи камера од 20 MP.

Можно е да снимате видео од 8К и 4К.

Ќе користи оперативен систем Андроид и ќе поддржува брзо полнење од 50W, како и брзо безжично полнење од 30W и реверзибилно полнење од 5W.

Сензорот за отпечатоци ќе биде поставен странично, а уредот исто така ќе поддржува 5G мрежа.

loading...

Слични содржини