За првпат оваа година Биткоинот над 41.000 долари

од Stefanija Kuzmanovska

Цената на биткоинот се искачи над 40.000 долари за прв пат оваа година во раните утрински часови денес и сега е на највисоко ниво од април 2022 година.

Денеска во 9:30 часот, Биткоинот имаше вредност од 41.688,82 долари или 38.355,08 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance, па неговата вредност се уште расте.

Како што објави „Гардијан“, цената на биткоинот од петокот се зголеми за седум отсто на бранот очекувања дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали референтните каматни стапки.

Од почетокот на годината вредноста на биткоинот е зголемена за 145 отсто, пренесе CNBC.

Слични содржини