За ССМ штрајкот е неминовен: „Ќе биеме битка за гола егзистенција“

од Nikola Popovski

Во делот за штрајкот, во петок Сојуз на синдикати на Македонија свика органи и тела, каде што ќе се донесе одлука за генерален штрајк. Тој е неминовен. Знаејќи дека денес завршуваат мерките за ограничување на основните производи и најавите за зголемување на цените за преку 10%. Затоа апелирам до Владата, да го оствари ветеното и да ги покачи платите на работнците од 2806 денари, доколку сака да го избегне генералниот штрајк и блокада на сите институции, информира денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Според него, ако нема пари за работникот, ќе нема за никого.

-Дојде време сите да ја биеме битката за гола егзистенција и преживување на работници и нивните фамилии, додаде Димовски.

Слични содржини