За Стоилковски, Шилегов е завршена приказна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Дваесет дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има сомнителен раст на луксузот, дека фирмата не му работи со заработка, ниту платата е доволна за сиот тој луксуз. И 20 дена секој ден јавно се повикуваат општината и државата да ги проверат наводите за Петре Шилегов“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Петре Шилегов е завршена приказна. Обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. Се поинаку е соучевство и злоупотреба. Истовремено ги повикувам на внимателно следење на информациите во следните денови, бидејќи ќе стане јасно како Петре Шилегов, иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и со луксузен недвижен имот“, посочува портпаролот од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини