Државната изборна комисија соопшти дека до денеска до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во избирачкиот список.

dik

„Од нив 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Најмногу пријавени има во општина Чаир – 53, потоа Аеродром – 50, па општините Карпош и Кичево, каде се пријавиле по 27 лица.

Вкупно треба да се пријават 39.502 гласачи за кои се водат како спорни.

Пријавувањето ќе трае до 19 август, секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот. По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите. Доколку лицата не се пријават електронски или лично во предвидениот рок, нема да бидат запишани во избирачкиот список, но ќе добијат уште една шанса за пријавување за време на јавниот увид на избирачкиот список пред предвремените парламентарни избори.

Слични содржини