Заборави ли Милчин какво зло и нанесе на Македонија антиквизацијата на Груевски?

од Vladimir Zorba

Владимир Милчин, режисерот во пензија и долгогодишен жесток противник на антиквизацијата на Груевски, како да сака да ја смени поблиската историја и како да сака целиот народ да заборави колкава штета направи антиквизацијата на пастирот и насилното менување на македонскиот идентитет.

Режисерот во пензија како да заборави на своите манифести во кои ги повикуваше на борба сите граѓанки и граѓани со следниве зборови :”Вие што сакате да живеете во европска, а не во некаква си неолитска, библиска или античка Македонија, придружете ни се во борбата против окупаторите на нашата свест и совест!”

Во истите тие манифести, Милчин велеше дека “Нашата борба е против божемните борци за името и идентитетот кои им даваат аргументи на грчките националисти, а нас нé прават заробеници на омразата кон сите Грци.”

Што го натера поранешниот директор на Сорос во Скопје одеднаш да има проблем со фактот дека антиквизацијата на Груевски беше крадење на туѓата историја и предизвикување конфликт на Балканот?

Што го натера Милчин да погази врз овие зборови од своите манифести против Груевски и антиквизацијата: “Не ни треба власт која арчи десетици милиони евра на спотови и споменици за да нé убеди дека не сме тие што сме и дека ќе бидеме она што власта мисли дека треба да бидеме. Не ни треба власт која зборува за национално единство, а создава нови национални и верски расколи. Не ни треба власт зад чие родољубие се крие себељубие, славољубие, среброљубие и властољубие.”

На социјалните мрежи се погласни се негодувањата дека Милчин станал маша на пропагандата на куририте и дека веќе не стои зад вредностите за кои се залагал.

Слични содржини