Забрчанец позитивен на корона

од Vladimir Zorba

Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација, соопшти советникот на премиерот Зоран Заев за односи со јавноста, Марјан Забрчанец.

Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте.

Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп КОВИД-19!“, додаде тој.

Слични содржини