Заев и Димитров ќе го информираат Иванов за договорот со Грција

од desk2

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот на заедничка средба во вилата „Водно“ ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција за спорот за името.


Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржаното во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-деценискиот спор.

Сега се очекува средбата на двајцата премиери, која можеби ќе се одржи викендов во Преспа и на која треба да го потпишат договор, но официјална потврда за средбата се уште нема. Договорот го поздравија сите високи претставнци на меѓународната заедница, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини најави дека ќе дојде на неговото потпишување.

Ципрас вчера веднаш по разговорот со Заев ги брифираше претседателот Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии, а Заев телефонски го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска заедно со Димитров ќе се сретнат со претседателот Иванов.

– За суштината на договорот и врз основа на она што за сега го знаеме и го слушнавме од господинот Ципрас, имам да го кажам само следното: Прифаќање на македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка, рече Мицотакис и додаде дека негов приоритет е со сите сили да придонесе грчкиот народ да остане обединет. Го повика Ципрас да не го потпише договорот.

Слични содржини