Заев и Мицкоски ќе се соочат на Канал 5 во петок во 18.30 часот

од Vladimir Zorba

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го имаат првото предизборно соочување во петок, од 18.30 на Канал 5, соопштија од телевизијата.

Мицкоски и Заев веќе го потврдиле учеството во дебатата, која ќе трае два часа.

Најавуваме динамична емисија, во која двајцата претенденти за иден премиер ќе имаат еднакви можности да ги кажат своите ставови, но и да реплицираат на ставовите на политичкиот противник. Ќе се дебатира на сите актулени теми од домашната и надворешната политика, со посебен фокус на економијата“, се вели во најавата.

Слични содржини