Заев и Мицкоски се сретнаа за Водици во Охрид

од Aleksandar Petrovski

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски се сретнаа на пристаништето во Охрид, каде двајцата присуствуваа на осветувањето на водите на Охридско Езеро по повод празникот Богојавление Водици, објави Охрид1.

Предвидени се и изјави за медиумите кои, како што најавија од партиите, лидерите ќе дадат по завршување на манифестацијата.

Според најавите, претседателот на СДСМ Зоран Заев тоа ќе го направи кај „Фаќач на крст“, а само стотина метри подолу, на Плоштадот, тоа ќе го направи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини