Заев и Царовска го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за следната учебна година

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) и е достапен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=3850, а од утре ќе биде објавен во печатените медиуми, на македонски и на албански јазик, во „Слободен печат“ и „Коха“.

Министерката Царовска нагласи дека првпат конкурсот е донесен во социјален дијалог со локалните самоуправи и со реалниот сектор и додаде дека и во иднина на тој начин треба да се креира уписната политика во средните училишта и во иднина. Таа потсети дека кампњата „Учи паметно, работи стручно“ се одвиваше низ 19 настани во разни општини и заедно со стопанските комори, локалните самоуправи и училиштата утврдиле кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување.

Премиерот Заев нагласи дека кампањатата „Учи паметно, работи стручно“ била успешна и дала ефект и изрази благодарност до стопанските комори, до сите компании што ја поддржале, до Швајцарската амбасада, Германија, УСАИД, УНДП…

– Анализата на МОН, во која учествуваа 450 компании, покажа дека дури 85 отсто се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавањето на стручен и квалитетен кадар, рече Заев. Додаде дека заложбата и посветеносата на Владата е да ги развива зацртаните стратешки цели, меѓу кои се развојот на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Слични содржини