Заев: Лично сум против воведување на полициски час и целосно затворање

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин поради пандемијата со корона-вирусот.

-Лично, сум против вакви мерки, но не ја  исклучувам можноста да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача.Првите согледувања што ги добивам како инфорација од министерот Венко Филипче се дека резултатите од досегашните мерки се видливи. Веројатно поради стравот од казни согласно законот, а потоа најверојатно поради стравот од заразата. Трето во пракса ќе видите дека по 21 часот речиси и да нема луѓе надвор или било какви групирања. Исто така, онаму каде се случуваат прекршувања се преземаат драстични ригорозни мерки, изјави Заев.

 

Слични содржини