Заев: Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО

од Vladimir Zorba

„Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина. Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки“, пишува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме.

Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз.

Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава“, додава тој.

Слични содржини