Заев: Ме боли тие што сакаа да не убиваат во парламентот се шетаат на слобода, но тоа е до обвинителството

од Vladimir Zorba

-Ме боли, ме кине, тоа што се уште се на слобода тие што на 27-ми април тргнаа да не убиваат во парламентот, но тоа е нашето обвинителство – реагираше Заев на прашање како се чувствува што се уште лицата кои сакаа и него да го убијат се шетаат слободно.

Заев вели дека и тој со нетрпение чека што ќе биде од истрагата на обвинителството, да кажат точно кои се и да одговараат.
-Телефонски не сакам да реагирам, чекам и јас, ви реков ете такво ни е обвинителството, нека кажат, нека се изјаснат – рече Заев.

Слични содржини