Заев: НАТО ќе го постигне ефектот кој што го постигнал во сите земји

од Vladimir Zorba

„Првите резултати од поканата на НАТО која ја добивме лани, рапидно пораснаа“, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев во интервјуто за Шења.

„Инвестиците пораснаа, работните места се зголемија. НАТО ќе го постигне ефектот кој што го постигнал во сите земји. Тоа е зголемување неколкукратно на брутодомашниот производ, зголемување на работните места, трендот на невработеност ќе паѓа со поголем интензитет, повеќе инвестиции“, изјави Заев.

Според него, тоа ќе го подигне и економскиот стандард.

– Со тоа ќе има пари за пензии, плати и поддршка на приватниот сектор, вели Заев.

Слични содржини