Заев: НАТО носи стабилност, безбедност и траен мир, Мицкоски немаше храброст да го поддржи ова

од Viktor Jovanov

Дефитинитвно НАТО гарантира безбедност и стабилност траен мир, но НАТО значи и владеење на правото и развој на економија. Нашата земја од самостојноста е за НАТО и ЕУ. Конечно се собра храброст, мудрост да се направат решенија за испонување на стратешката цел. Апсолутно се исплатеше она што се направи. Признаени сме во целиот свет, остануваме Македонци, имаме перспектива. Ги насочивме нашите аспирации да се водат во вистински правец, изјави лидерот на СДСМ и експремиер на Република Северна Македонија Зоран Заев.

– Со влезот во НАТО очекуваме повисоки стандарди, повисоки плати и подобар живот за граѓаните. Мицкоски немаше храброст да се пушти во ова, но сепак на крај гласаше за влез во НАТО иако морам да замерам дека кога целиот народ аплаудираше, не собра храборст да аплаудира при остварување на нашата цел. Но тоа е голо политиканство. Цело време бојкотираа, стоеа над главите на пратеници на кои државата им е пред партијата. Ваквата циничност во однесувањето на политиките граѓаните го признаваат и тоа ќе се потврди на изборите на 12 април, рече Заев.

Слични содржини