Заев: Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд

од Vladimir Zorba

За да биде финансискиот систем на земјата стабилен во вакви кризни состојби како оваа со коронавирусот, најпрво треба да повлечеме пари од надвор, да ги исцрпиме тие можности до крај и дури потоа да се свртиме кон дома. Ликвидноста сега е најбитна, да се овозможи државата да функционира нормално, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во гостувањето на „Само интервју“, Заев напомена дека Буџетот е полн и неговата реализација е максимална. Економските мерки што ги предложи СДСМ се во координација со стопанството. Но, мора да се знае, како што истакна, колкав е реалниот капацитет за помош и во тие рамки да се делува. Притоа, сите треба да бидат солидарни и да понесат дел од товарот.

-Ова се правила кои треба да се следат. Ликвидноста е клучна, а вистинска државничка политика е да се мисли на се, на сите и до крајот на годината. Имаме здрав финансиски систем, координиран меѓу власта, народната банка, стопанството и комерцијалните банки. Суштината во вакви услови е да се обезбедат пари од надвор. Не земаме од домашните банки, туку од надвор. Повлекуваме колку што треба, обезбедуваме доволно за да ги задржиме основните функции на државата. Тоа носи девизна стабилност и не ги загрозува домашните потенцијали. Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните. Не ги земаме ниту благајничките записи. Ова е ликвидносната состојба што треба да ја чуваме. Првиот чекор е земање пари од надвор, потоа се вртите кон дома, напомена Заев.

Слични содржини