Заев од Брисел: Верувам дека Бугарија ќе даде поддршка за да ја одржиме првата Меѓувладина конференција

од Берта Китинска

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев пристигна на НАТО Самит 2021 во Брисел.

-Сите средби за нашата земја донеле бенефит, од разговорите можеме да очекуваме само исчекори кон подобра иднина на нашата земја. Преку разговори ќе можеме да најдеме решенија затоа што веќе долго чекаме, 20 години со договор за асоцијација и стабилизација, 16 години земја кандидат верувам дека нашиот источен сосед Бугарија ќе даде поддршка за да го одржиме првиот чекор а тоа е Меѓувладина конференција, рече Заев.

Ова е прв НАТО Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки.

На Самитот владината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет. Покрај состанокот, владината делегација има неколку билатерални средби, после кои премиерот Заев ќе има изјава за медиумите.

Слични содржини