Заев од Економскиот форум: Ќе нема застанување на границите меѓу Македонија, Србија и Албанија

од Nikola Popovski

Само со поврзан регион можеме да се движиме постојано до членството во ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев од Економскиот форум во Скопје.

Според него, очекуваме бенефити во домашниот буџет на милион семејства, во квалитетот на животот.

-Ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од Западен Балкан. Денес тоа што го градиме потекнува од еворпските вредности. Со регионалната соработка ќе овозможиме слободно движење на стоки со проширување на зелените коридори. Конечната цел е да постигнеме No stop, just go, односно да нема застанување на границите меѓу Србија, Албанија и Македонија. Ќе го прошириме слободното движење на луѓето преку мобилност на студенти, научници и истражувачи. Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот. По тој повод денес ќе потпишеме еден значаен договор и уште два значајни меморандуми“, истакна Заев од хотелот „Александар Палас“.

Слични содржини