Заев од Шуто Оризари: Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти

од Nikola Popovski

Овозможивме целосна вклученост на сите граѓаните во општеството. И со тоа покажавме дека се грижиме за сите. Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани преку социјалната помош од државата – но и извлекуваме од сиромаштија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев обраќајки се пред граѓаните на Шуто Оризари.

Тој додаде дека е вратена евтината тарифа на струјата, укината радиодифузната такса и намалено ДДВ-то за парно.

За три пати се зголемени минималната и просечната плата. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. Имаме рекордно ниска невработеност денес – од независноста на државата! Со сето ова ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европскиот квалитет на живот во општините“, истакна Заев.
Заев ги повика граѓаните на Шуто Оризари во недела да дадат масовна поддршка на бројот 12 и концептот на СДСМ што води напред.

-За Шуто Оризари ја имаме најдобрата понуда, тоа е вашиот Ферат Асан, носителката на листата Нежмие Саитова, тоа е СДСМ и Коалицијата. Во недела да гласаме масовно за број 12, да гласаме за „Најдоброто“ за Шуто Оризари!“, повика Заев.

Слични содржини