Заев: Оставив аманет на Ковачевски да победува на следните избори

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев вечерва вечерва пред седиштето на партијата изјави дека прво што ќе му порача на новиот лидер на СДСМ, Димитар Кочевски е да ги чува вредностите на партијата.

-Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години незавиноста ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев во изјава за ТВ 24.

Заев верува дека еден од првите успеси на Ковачевски како нов премиер на земјата, ќе биде одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и ЕУ.

Слични содржини