Заев: СДСМ е првата партија во државава што ќе бира лидер на непосредни избори

од Vladimir Zorba

Партијата станува се повеќе транспарентна, се поблиска до членството и граѓаните. Во таа насока се и новите предлог статутарни измени кои денеска се пред вас почитувани делегати. Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, уште поголема инклузивност и нова, позитивна трансформација на функционирањето на органите на СДСМ, соопшти премиерот Зоран Заев.

СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата, посочи тој.

Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство.

Слични содржини