Заев за одбивањето на МАНУ да додаде „Северна“: Преспанскиот договоро е закон, мора да се почитува

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот на МАНУ дека се укинува наводно катедрата за македонски јазик рече дека не само што не му паѓа на памет на некој да ја укине катедрата за македонски јазик туку и се користи 100 годишнината на Блаже Конески за дополнителна афирмација на македонскиот јазик.

-Прво да се запишат што повеќе студенти на катедрата.Тоа ќе го направиме преку дигитализација и активности за негова  афирмација  во ЕУ. нема ништо вистина во лажните информации на почитуваниот претседател на МАНУ, рече Заев.

Во врска со одбивањето на МАНУ да стави „Северна“ во името  премиерот нагласи дека тоа е обврска регулирана со закон.

-Преспанскиот договор  е закон, ратификуван е во Парламентот, и тој мора да се почитува. Имаме законски рокови за промена на името на сите институции кои земаат пари од буџетот,Ману е една од тие инстутции, рече Заев.

Слични содржини