Заев за „Отворен Балкан“: Не можеме да чекаме додека ЕУ не ни го исполни тоа што го вети

од Nikola Popovski

„Не можеме да чекаме додека ЕУ не ни го исполни тоа што го вети“, вели премиерот Зоран Заев денес од Гевгелија, на новинарско прашање за иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој повтори дека му е драго што Србија и Албанија се фокусирани како нас.

„Зошто да не ни растат платите, стандардот? Зошто ако можеме да се движиме без граници, да не го направиме тоа? Додека можеме нешто да направиме сами, тогаш треба да го направиме. Порано балканските политичари не зборуваа меѓусебе, сега веќе не е така. САД повторно се врати на голема врата на Балканот“, констатира Заев.

Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска направија увид на реконструираната општа болница во Гевгелија.

Слични содржини