Заев за „Рекет“: И јас можев да го заташкам случајот како порано што се правеше, одлучив да го пријавам, за тоа се бориме, за правна држава

од Viktor Jovanov

Лидерот на СДСМ и експремиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во вечерашната дебата на Канал 5 телевизија во однос на случајот „Рекет“ изјави дека сам лично го пријавил случајот на 22 април годинава пред државниот обвинител Љубомир Јовевски и шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, согласно законите.

-Можеше и Зоран Заев да ги заташка случаите како порано што се правело. Зоран Заев го пријави случајот 22 април пред државниот обвинител и обвинителот за гонење на организиран криминал.Колку е чесна поставеноста во овој случај може да се види со читање на записниците од рочиштата, што точно сум кажал на Боки 13. Дека ќе биде пријавен дека ќе сноси одговорност, дека тоа е криминал, има други разговори кај што велам дека мора да си пријават. Јас сум тој што го пријави случајот. Не може случај кој преставува корпус деликти, кристално чиста работа како се пријавува случај, безразлика што се работи за медиум, да биде оспорено. Тоа е државата за која се бориме, а не да ги штитиме криминалците, вели Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема со што да излезе на изборите односно нема што да понуди па настапува со обвинувања кон него дека е вмешан во случајот „Рекет“.

Слични содржини