Заев: Започнуваме процес на создавање на најголемата коалиција која ќе го продолжи патот на напредокот

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево оствари средба со претседателите на партиите кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ.

– Ова е почеток на создавање на најголемата коалиција во историјата на независноста па до денес, која ќе излезе на изборите и ќе понуди програма што овозможува продолжување на напредокот и процесот на интеграции. Во пресрет на предвремените парламентарни избори ова е прва средба со сите коалициски партнери на СДСМ кои активно учествува во градењето и реализацијата на мерките и политиките што се во интерес на граѓаните. Она што досега го спроведовме наиде на широка поддршка од граѓаните и од други политички субјекти така што тоа дава за право да веруваме дека коалицијата може да се прошири дополнително, посочи претседателот Заев.

На средбата од страна на коалициските партнери беше заеднички заклучено дека досегашната соработка во делот на остварување на програмските определби е успешна, дека по години стагнација денес државата е на прав пат, дека се спроведуваат мерки во интерес на граѓаните и сето тоа отвора можности оваа коалиција дополнително да се зголеми со нови партнери.

Слични содржини