ЗАГИНА ЦИВИЛ во гранатирање на село! Ерменија подготвува одговор во иста мера

од Stefanija Kuzmanovska

Еден цивил загина во гранатирањето на ерменскиот Варденис на границата со Азербејџан, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Ерменија.

„Вооружените сили на Азербејџан извршија напад врз воената и цивилната инфраструктура на регионот Варденис, чија цел беше цивилното население, како резултат на што загина еден цивил“ се наведува во соопштението објавено на Фејсбук на Министерството и се додава:

„Министерството верува дека Азербејџан, игнорирајќи ги повиците на меѓународната заедница за ставање крај на војната, со активна поддршка на Турција, ја проширува борбената зона, вклучително и територијата на Ерменија. Ерменија и Арчах (Карабах) ќе дадат сразмерен одговор на обидите на Азербејџан да ги загрози мирот и безбедноста во регионот“, се вели во соопштението на Министерството.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела. Баку и Јереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на воените дејствија.

Воведена е воена состојба во Ерменија, беше објавена општа мобилизација, а на мажите на возраст од 18 до 55 години им беше забрането да ја напуштаат земјата. Во Азербејџан е воведен полициски час.

 

 

Слични содржини