Загинал еден од двајцата Црногорци кои се борат против Русите во Украина

од Nikola Popovski

Еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт (ДФ) и претседател на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ, изјави дека „меѓу 6.956 платеници од целиот свет кои се борат против Русите во Украина“, имало и двајца Црногорци, од кои еден, како што наведува тој, починал.

„И што ќе правиме сега? Да испратиме 20 војници во Летонија или Ранко Кривокапиќ ќе го испрати Лавров во воз?Свети Петар најдобро нѐ знае“, напиша Кнежевиќ на Твитер.

Според списокот објавен од Руското министерство за одбрана, пренесен од РИА Новости, од почетокот на војната во Украина од Западен Балкан пристигнале 204 странски платеници, од кои 74 загинале, 79 се уште се на бојното поле, а 51 ја напуштиле Украина.

Од С. Македонија на фронтот пристигнале 79 наши државјани, при што 21 загинале, јавува рускиот медиум.

Слични содржини