Захариева: 30 години ја поддржуваме С. Македонија, но тие мора да го прифатат минатото

од Nikola Popovski

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и С. Македонија од 2017 година ги има сите гаранции се додека тој се спроведува со добра волја од двете страни. Нас не ни е намерата да ја блокираме, особено затоа што ја поддржуваме Република С. Македонија сите овие 30 години. Како што ја признаваме реалноста, така и тие мора да го признаат минатото. Нема ништо комплицирано“, изјавила бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во ексклузивното интервју за агенцијата БГНЕС.

Според неа, проблемот е во тоа што договорот не се извршува со добра волја.

„Вие знаете дека во овој договор има две комисии – едната е историска, другата е меѓувладина комисија, која еднаш годишно мора да се состане и да го следи спроведувањето на договорот и да идентификува нови задачи. Се согласивме за многу работи, вклучително и забрзување на работата на комисијата, како резултат на што, не само што не се забрза, туку и запре. Во секојдневни преговори сме. Темата беше покрената за време на нашето претседателство. Очигледно беше доста успешно, Денес, онлајн тимовите на нашите две министерства за надворешни работи се обидуваат да го решат конфликтот за да можеме да гледаме понатаму. Но, останува малку време. Преговорите се интензивни“, вели Захариева.

Таа потсети дека одлуката за почеток на преговори е донесена во март. Состанокот на 10-от Совет за општи работи сега мора да ја одобри рамката за преговори, и ова не е краен датум, туку е индикативен.

Во врска со рамката, Захариева оцени дека Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во нејзината сегашна форма, во која е претставена.

„Засега Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во оваа форма. Имаме време, но тоа е многу малку“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Слични содржини