Зајкова: Предвремени избори нема да ги решат проблемите со магично стапче

од Nikola Popovski

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова денеска информира дека во редовите на власта не е разговарано за предвремени избори. Таа порача дека таквите избори нема да ги решат проблемите со магично стапче кои што ги мачат граѓаните.

Околу уставните измени, Зајкова за медиумите рече дека се неопходни за развој кон европскиот пат на државата и реформи во рамки на отворање на европските поглавја.

Реформи кои што за жал, не се најде национален консензус да се спроведат и затоа имаме ваква состојба каква што имаме во секоја област, кажа Зајкова, одговарајќи на новинарско прашање после тематската конференција на партијата „Секој е важен! Овде и сега“.

Слични содржини