Заложничка криза во Грција: Војник фрлил шок бомба, се слушнале истрели

од Stefanija Kuzmanovska

Војник на грчката елитна падобранска единица утрово предизвикал инцидент кога фрлил шок бомба предизвикувајќи паника, а потоа го зел како заложник својот командант.

Според неофицијални информации, се слушнале и истрели.

Инцидентот се случил кога војникот се изнервирал и се степал со командантот, незадоволен од казната што му била изречена.

Тој наводно влегол во просторијата каде што се наоѓа командата на единицата, фрлил шок бомба, а потоа го зел командантот како заложник, го претепал и му се заканил дека ќе го убие, пишува „Прототема“.

Во еден момент командантот успеал да побегне со помош на друг војник, а припадниците на воената полиција ги уапсиле напаѓачот.

По инцидентот, на местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили.

Слични содржини