Замрзант имотот на лидерот на владејачката партија во Романија

од Vladimir Zorba

  Романската Агенција за борба против корупција вчера го замрзна имотот на лидерот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа под сомнение за злоупотреба на фондовите на Европска унија.

– Имотот на Драгнеа, вреден 27,4 милиони евра, запленет е денеска, како и имотите на четири од осум лица кои се под истрага, соопшти романската Агенција за борба против корупцијата.

Драгнеа е осомничен за организирање на криминална група и за фалсификување на документи со цел за добивање на фондови на ЕУ. Тој наведе дека истрагата е политички мотивирана  и се спроведува во време кога неговата партија настојува да го реформира правосудниот систем на Романија.

Истрагата против Драгнеа се однесува на злоупотреба на средствата во период од 2001 до 2012 година, кога беше на чело на Советот на округот Телерман, јужна Романија, Истрагата е покрената откако Европската служба за измами (ОЛАФ) соопшти дека 21 милиони евра нелегално се исплатени на лица за изградба на патишта во Романија,

Десетина демонстранти викаа „Оставка“ кога Драгнеа синоќа пристигна во Агенцијата за борба против корупцијата, каде се заджа околу половина час. Кога излегуваше беше опкружен од полицијата и од своите приврзаници и не даде коментар.

Драгнеа е претседател на најголемата романска партија, но не може да биде премиер откако во 2016 година е осуден за местење на изборите. Тој е претседател на Долниот дом на романскиот Парламент, а му се суди и за злоупотреба на службената положба.

Социјалдемократската партија во јануари годинава се обиде да ја декриминализира злоупотребата на положбата што предизвика најголеми протести во Романија од падот на созијализмот.

Слични содржини