Започна грејната сезона во Скопје

од Vladimir Zorba

Поради падот на надворешната температура oд утре, од денес започна грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.

Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи.

Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија потребно е потрошувачите кој кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи. Исто така, апелираме до Заедниците на станари и Управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите, како и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Од БЕГ апелираат потрошувачите кои имаат дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, а пак Заедниците на станари и Управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите, како и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија.
БЕГ информира дека за сите неопходни информации, евентуални дефекти и проблеми со испорака на топлинска енергија од системот за централно греење со кој управува БЕГ, потрошувачите можат да се обратат до Центарот за грижа на потрошувачи.

Слични содржини