Започнува процесот на репрогласување на НП Маврово за заштитено подрачје

од Vladimir Zorba

По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиот ден на животната средина Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка на ЈУНП Маврово организираше настан за јавна презентација на активностите за спроведување на ревизија/дополна на Студијата за ревалоризација и изработка на План за управување со НП Маврово, како основи за добро и одржливо менаџирање со ова заштитено подрачје, известуваат од МЖСПП.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, изрази задоволство за започнување на процесот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк, како обврска која произлегува од Законот за заштита на природата.

– Оваа значајна соработка претставува можност да го продолжиме патот кон заштита, зачувување и унапредување на природните вредности со кои се карактеризира Националниот парк Маврово и надминување на предизвиците со кои се соочува управата на паркот во негово одржливо управување и заштита на природните вредности, изјави министерката Шукова.

Директорот на ЈУНП Маврово Самир Ајдини изрази задоволство од конечното отпочнување на процесот за репрогласување на паркот, како едно од најголемите заштитени подрачја во државата, особено од причина што во изминатиот период многу често неправилно и неправедно се соочувале со обвинувања најверојатно заради непознавање на фактите или неправилно толкување на истите.

Слични содржини