Засега не се очекува светска рецесија, тврди Ангеловска-Бежоска

од Nikola Popovski

Засега проекциите не упатуваат на светска рецесија. Она што може да се заклучи според последните расположливи бројки е дека ќе има значајно забавување на глобалната економија, но не се очекува пад. Европската централна банка предвидува забавување на економскиот раст, зависно од случувањата, но се уште не се проектира рецесија, вели гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска во емисијата „Топ тема“.

Според неа, инфлацијата е глобален феномен.

-Јасно се гледа дека по една декада со ниска инфлација, дојдовме до сосема друга фаза. Ако ги погледнете цените на енергенсите, јасно е дека не се стабилизираа се уште. На пример од крајот на минатата година до сега, цените на природниот гас бележат раст од околу 60%, нафтата од околу 40%, пченицата од околу 30%. Сето ова упатува дека претпоставките на кои што се темелеа претходните проекции за инфлацијата се драстично променети и тоа несомнено упатува на зголемени ризици, вели Бежоска.

Слични содржини