Затекнати над 40 лица, затворен уште еден локал во Скопје

од Берта Китинска

Угостителски објект во Скопје кој работел по дозволеното време.

Вчера во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години.

Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка.

Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Слични содржини