Затворено небото над Санкт Петербург поради непознат летечки објект

од Stefanija Kuzmanovska

Сите комерцијални летови до Санкт Петербург, Русија се одложени и пренасочени откако над градот бил забележан „непознат објект“.

Градските власти соопштија дека аеродромот Пулково во Санкт Петербург престанал да прима авиони, а најавените доцнења на летовите се и до 12 часа, пренесува „Комерсант“. Во соопштението се наведува дека „аеродромот и неговите услуги работат нормално“.

Според податоците на веб-страницата Flightradar24, која го следи движењето на авионите, на небото над градот и Ленинградската област нема цивилни авиони.

Летови од Москва до Санкт Петербург кружат или се враќаат.

Телевизискиот канал РЕН, повикувајќи се на анонимен извор, јавува дека воздушниот простор во радиус од 200 километри е затворен над аеродромот Пулково.

„На небото има воени авиони, потрагата по натрапникот е во тек“, пренесува тој ТВ канал.

Слични содржини