Заздравувањето ќе трае подолго од предвиденото: Папата имал температура по операцијата

од Stefanija Kuzmanovska

Закрепнувањето на папата Франциск по операцијата на дебелото црево продолжува нормално, и иако тој се движи и извршува дел од своите должности, сè уште не се чувствува доволно добро да се врати во Ватикан за тамошната служба во недела напладне, соопшти Ватикан.

Според најавата, папата ќе ја води молитвата од римската болница Демели, бидејќи заздравувањето ќе трае подолго од предвиденото, пренесува „Ројтерс“.

Вчера беше објавено дека папата Франциск имал температура, три дена по операцијата, но дека сите тестови биле негативни.

На папата му беше отстранет дел од дебелото црево во неделата поради тешка „дивертикуларна стеноза“, што претставува стеснување на дебелото црево.

Слични содржини