Здружението на Македонци во Бугарија доби спор пред Стразбур

од Aleksandar Petrovski

Здружението на Македонци во Бугарија „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ го доби неколкугодишниот спор со државата Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако се жалеше дека Бугарија не сака да ги регистрира како здружение.

Според пресудата на Меѓународниот суд, Бугарија го прекршила членот 11 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и ѝ наложи на Бугарија во рок од три месеци да им исплати на оштетените 7.500 евра.

Сепак оваа пресуда не е задолжителна за бугарските власти и регистрацијата на здружението останува на одлуката на тамошните власти.

Слични содржини