Здружение за заштита на животни „Живот“: Газдата на ресторанот „Ваго“ до смрт претепа 3 месечно кученце

од Vladimir Zorba

Во тек се свадби, и разни веселби и прослави по нашите ресторани во градот. Па ние како локал што би ви го „препорачале“ за да си ја правете вашата прослава е Ресторан Ваго.

Имено, го издвојуваме овој Ресторан, бидејќи денеска, очевидци кои присуствувале на една прослава, ни пријавија крвничко тепање и ритање на 3 месечно кутре од страна на газдата со иницијали Ѓ.Х, пишува на својот Фејсбук профил Здружението за заштита на животни „Живот“ од Штип.

„За жал, кога пристигнавме кутрето беше мртво. Па да ви испратеме предупредување да внимавате кај кои психопати си ги давате парите. Газда бе… тебе Господ ќе ти врате, ич да не се секираш“, додаваат од штипското здружение.

Слични содржини