Зеќири: Носењето на Законот за ЈО беше неизвесно до самиот крај

од Берта Китинска

Носењето на Законот за ЈО беше неизвесно за мене до самиот крај, заради ставовите на одредени политички партии, меѓутоа успеавме да ги убедиме дека ова е најдоброто решение, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ.

„Состав што ќе се памети по тешки но битни одлуки што ги донесовме за доброто на граѓаните и нашата земја. Тоа што го направивме вчера е заслуга на сите 80 пратеници што гласаа вчера за Законот за ЈО, кој ќе овозможи предметите што беа покренати од СЈО да останат живи и тие што треба да одговараат да одговараат за се што направиле во тие 11 години додека беа на власт.Во консултација со експерти од ЕУ и САД е изработен овој Закон. Ние сме убедени дека се обезбедени сите предмети што беа покренати од СЈО. За спорниот член 110, зад кој се дигна прашина, јасно да кажам дека предметите не се губат. Ако е некој за правда зошто им пречеше овој закон?“, изјави Зеќири.

Тој вели дека имало притисок секаде каде што ВМРО-ДПМНЕ сметале дека можат да го вршат.

„Илија Димовски трчаше кај секој пратеник кај што мислеше дека може да влијае и да врши притисок да не се гласа. Тоа не го правеа кај исфрлените пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, тоа го правеа и кај ДУИ“, изјави Зеќири.

Слични содржини