Зекири: Се сомневам дека Џафери имал договор со Иванов за имунитетот за Велјановски

од desk4

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу и пратеникот Мухамед Зекири вечерва во отвореното студио на 1ТВ со Ацо Кабранов зборуваа за актуелната ситуација со недоразбирањата на ДУИ и СДСМ особено околу имунитетот на Вељановски.

-Апсолутно тврдам дека лично го немам навредено претседателот на Собранието. Он направи таков скандал. Ова не го направил на своја рака, туку е смислено од ДУИ, затоа што ден претходно пратениците знаеја дека ќе има комисија, нивниот пратеник го снема, наводно бил болен, но тоа е друга работа. Кого сакаат да лажат или манипулираат? Вечерта Џафери го смени исказот, кажувајќжи дека немал што да стави на гласање. Тоа е чиста манипулација на Џафери. Затоа е и реакцијата таква каква што е затоа што на 27 април ниту еден пратеник на ДУИ не беше нападнат. На 27 април со жив штит Заев го бранеша Џафери да не му фали влакно и сега токму тој дозволува на обвинет за организирање на крвавиот четврток да не му се одзеде имунитетот. Јас се сомневам дека има договор меѓу нив и затоа многу лежерно се однесуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и беа смирени – рече Зекири, кој додаде дека ДУИ е нужно зло.

Зекири во разговорот истакна дека се сомнева дека Џафери имал договор со претседателот Иванов за да се задржи имунитетот за Трајко Велјановски.

Додаде дека Иванов уште утредента по прекинувањето на седницата за имунитетот на Велјановски потпишал указ со кој унапредил фаворит на Талат Џафери на позиција генерал.

Слични содржини