Зелен хуман град: Добиена граѓанска битка против градежната мафија во Скопје

од Vladimir Zorba

Советот денес ја усвои предлог-одлуката што ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја поднесе на барање на Борба за Влае со која го поништивме штетниот Регулациски план за СЗ 19!, соопштија од Зелен хуман град.

Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат одлуки со кои ќе се заштити јавниот интерес.

„Сите знаеме со која брзина се дигаат облакодери, а колку е бавна правдата за обичниот човек. Со оваа предлог-одлука му даваме моќ и надеж на секој граѓанин дека има претставници во локалните совети кои стојат рамо ро рамо со нив, а не наспроти нив“, изјави Горјан Јовановски од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.

Со тесно, ама доволно мнозинство од 23 гласа (неофицијално 25), на фото се прикажани советниците кои гласаа ЗА поништување на штетниот Регулациски план за СЗ 19, а тоа се двајцата советници на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, советничката група на ВМРО и коалицијата, еден член на Алијанса/Алтернатива, советничката група на Левица и двајцата советници од ЛДП/ДОМ.

Преполовената советничка група на СДСМ и коалицијата гласаше воздржана, а целата советничка група на ДУИ не ни беше во салата.

Слични содржини