Зеленски ја посети оштетената црква „Преображение Господово“ во Одеса

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја посети црквата „Преображение Господово“ во Одеса, која беше тешко оштетена во напад на руските сили ноќта на 23 јули, соопшти прес-службата на украинскиот претседател.

Како што се наведува, Зеленски бил информиран за степенот на уништувањето на храмот и неговата моментална состојба.

Зеленски навел дека експертите треба да ја утврдат можноста за обновување на храмот, пренесува „Интерфакс Украина“.

Слични содржини