Зеленски ја поздрави одлуката на американскиот Сенат за помош на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја поздрави одлуката на американскиот Сенат, кој го усвои законот за пакетот помош за Украина, Израел и Тајван вреден 95 милијарди долари.

„Благодарен сум на сенаторот Чак Шумер, на лидерот на демократите во Сенатот, Мич Меконел и на секој американски сенатор кој го поддржа континуираното доставување помош за Украина додека се бориме за слободата, демократијата и вредностите кои ни се важни на сите“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека за Украина, продолжувањето на американската помош „помага да се спасат човечки животи од рускиот терор“.

„Тоа значи дека ќе продолжи животот во нашите градови и дека ќе триумфира над војната“, заклучи Зеленски.

Слични содржини