Зеленски по објавувањето на видеото од обезглавувањето на украински војник: „Колку лесно убиваат тие чудовишта“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја осуди Русија по објавувањето на видео на социјалните мрежи на кое наводно се гледа обезглавувањето на украински воен заробеник.

Кремљ побара верификација на видеото.

„Колку лесно убиваат тие чудовишта. Светот треба да го види видеото од егзекуцијата на украинскиот воен заробеник. Тоа е видео што ја прикажува Русија таква каква што е“, напиша Зеленски на Инстаграм.

Тој нагласи дека тоа не е случајно и потсети дека слични работи се случувале и претходно, како што е Буча, предградие на Киев, кое стана симбол на злосторствата кои ѝ се припишуваат на руската армија.

„Затворски казни за убијците, суд за државата на злото“, рече Зеленски.

Кремљ во средата соопшти дека мора да се потврди автентичноста на „ужасните“ слики кои покажуваат наводно обезглавување на украински воен заробеник.

„Пред сè, неопходно е да се потврди автентичноста на ова страшно видео“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков за новинарите, додавајќи дека „живееме во свет на фалсификати“.

Слични содржини