Зеленски преку видео повик се обрати во Загреб: „Русија сега го уценува целиот свет“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски преку видео повик од Киев им се обрати на учесниците на првиот парламентарен самит на Кримската платформа во Загреб, кој е домаќин.

„Им благодариме на нашите хрватски пријатели што ја поканија нашата украинска делегација на овој самит, за поддршката на Украина и Крим, тоа не обедини и на минатиот самит, како и нашите заеднички вредности, кои, за жал, отсуствуваа во 2014 година кога Русија ја започна својата сулуда агресија и сега сите ги чувствуваат последиците, светот губи, а причината за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година. Сега илјадници и илјадници Украинци ги загубија животите, Русите убиваат деца, жени и стари лица, без разлика на нивната возраст. Светот стана посурово место каде Русија може да предизвика глад, да ја уништи стабилноста на Блискиот Исток и Северна Африка“, рече тој, додавајќи дека Русија сега го уценува целиот свет и тврди дека Крим е нивен.

„Но украинското знаме повторно ќе се вее на Крим и дури тогаш светот ќе почувствува дека војната е завршена“, рече тој.

Потребни се сите нивоа за да се одговори на руските провокации, нагласи украинскиот претседател.

Слични содржини